Мекларен продаде 15 отсто од акциите

Мекларен продаде 15 отсто од акциите

Ф1 тимот на Мекларен потврди дека американската инвестициска компанија „MSP Sports Capital“ купила 15 отсто од акциите на тимот

Компанијата веќе има инвестирано во други спортови како што се НБА и МЛБ лигите во САД, а за Мекларен ќе одвои „скромни“ 185 милиони фунти. Ова им дава 15 отсто од акциите на Ф1 тимот во 2022 година и на крајот ќе достигнат до 33 отсто. Ваквата интеракција, на поранешниот Ф1 гигант им носи инвестиција во вредност од 500 милиони долари.

„Оваа инвестиција доаѓа во клучен момент во растот на Мекларен рејсинг. Инвеститорите го знаат пазарот и имаат искуство во спортскиот менаџмент. Тие се акционер и партнер на нашата компанија, со крајна цел Мекларен да се врати на победите и на борбата за титулата во Формула 1 и Индикар“

вели директорот на тимот, Зек Браун

Последен пат овој тим беше успешен кога во своите редови го имаше Луис Хамилтон во 2008 година, а последен пат на прво место во трка заврши во 2012 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *