Хајден Кристенсен повторно како Дарт Вејдер

Хајден Кристенсен повторно како Дарт Вејдер

Хајден Кристенсен ќе се врати во чизмите на Дарт Вејдер повторно по 15 години

Претседателката на Лукасфилм, Кетлин Кенеди најави дека Кристенсен ќе биде дел од новата серија со Оби-Ван Кеноби. Тоа значи дека ќе имаме можност повторно да ја видиме хемијата помеѓу Јуан Мекгрегор и Хајден Кристенсен. Серијата која ќе се фокусира на Оби-Ван ќе се одвива 10 години по настаните од „Star Wars: Episode III – Revenge of the Sith.

Во серијата Анакин Скајвокер се уште пробува да се помири со поразот кој го претрпе од својот ментор.

„Беше неверојатно искуство да се претстави Анакин Скајвокер. Секако, Анакин и Оби-Ван не ги завршија нештата на најдобар начин, ќе биде интересно да видиме што режисерката Дебра Чау има испланирано за нас. Возбуден сум да работам со Јуан повторно. Се чувствувам добро враќајќи се.“,

изјави Кристенсен на прес-конференција

Работата на новата серија ќе започне март 2021.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *