Постигнат договор за непречен откуп на тутунот

Постигнат договор за непречен откуп на тутунот

Вчеравечер во Прилеп беше постигната согласност за непречено продолжување на откупот на тутунот. Договореното не е прифатено од само една откупна компанија.

По повеќе часовни преговори меѓу Иницијативниот одбор за протести на тутунопроизводителите, Сојузот на земјоделски здруженија, Министерството за земјоделие и откупувачите , потпишан е договор со кој се отстранети можностите за манипулации во определувањето на класите, а со тоа и почитување на откупните цени.

Преставниците на Сокотаб кој од 23 илјади откупува над 7 илјади тони тутун не го потпишаа договорот и го напуштија состанокот ..Поради ова наместо блокади на патиштата ќе биде блокирано седиштето и откупните пунктови на оваа компанија..

Според информациите од надлежните од годинашнава реколта досега се откупени над 1700 тони тутун по просечна откупна цена од 167 денари за килограм..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *