ВИДЕО: Клиперс подобри од Пејсерс, нова одлична партија на Јокиќ во поразот на Денвер!

ВИДЕО: Клиперс подобри од Пејсерс, нова одлична партија на Јокиќ во поразот на Денвер!

Лос Анџелес Клиперс стигнаа до нова домашна победа, овојпат над Индијана Пејсерс од 129-96. Гостите парираа само во еден сегмент од натпреварот, додека фаворитот беше убедлив во текот на целиот меч, па заслужено победија. Најдобри на теренот беа Сабонис со „дабл-дабл“ учинок од 19 поени и 14 скокови, а од Пејсерс се истакна и МекДермот со 23 поени. Кај Клиперси со по 20 поени на своето конто завршија Морис, Кенард и Пол Џорџ, додека Ленард уфрли 17.

„Дабл-дабл“ од 35 поени и 14 скокови, но и девет асистенции и можен троен ефект на Никола Јокиќ не беа доволни за победа на Денвер над Јута (105-109). Гостите беа подобри во клучните сегменти од мечот, па на крајот се радуваа. Покрај Јокиќ, се истакна и Мареј со 30 поени, а кај Јута поените беа добро распоредени и најдобар беше Кларксон со 23.

Њу Орлеанс победија на гостувањето кај Сакраменто Кингс со 128-123.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *