Денес на дневен ред интерпелација на Никола Димитров

Денес на дневен ред интерпелација на Никола Димитров

Собранието на Република Македонија денес ќе ја започне 30-та седница на чиј дневен ред се 50-тина предлог-закони за изменување и дополнување на постојни закони, како и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Интерпелацијата е поднесена од повеќе од 30 пратеници од опозициските партии во парламентот.

Некои од причините за интерпелацијата е фактот дека Секретаријатот за европски прашања е 100 дена без отчет, како и изјавата на Димитров дека Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ, нешто што очигледно нема да се случи во блиска иднина.

Владејачката партија СДСМ потсетува дека опозицијата и пред две години поднесе интерпелација за истиот министер, но за неа гласаа само 20 пратеници, па очекува така да биде и годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *