Лиам Нисон им кажа збогум на акционите филмови

Лиам Нисон им кажа збогум на акционите филмови

Холивудскиот актер, Лиам Нисон најави дека доста му е од играње улога каде тој е херој кој бара правдина и планира да го стави жанрот на акциони филмови зад себе. Сепак, пред да дојде последното зајдисонце, тој има планирано уште два вакви филма.

„Имам веќе 68 и пол години, годинава полнам 69. Имам уште неколку филма оваа година, нормално доколку Ковид го дозволи тоа. Потоа се повелкувам од жанрот“,

изјави Нисон за ЕТ

Нисон низ текот на кариерата често сме го гледале во филмови од ваквиот жанр, а кариерата ја започна уште во 70-тите.

Неговиот најнов филм, „The Marksman“ треба да излезе во одредени кино сали. Во овој филм, тој глуми поранешен член на маринците кој живее на ранч, но мора да го остави комфорот за да заштити 11-годишно момче од атентатори испратени од картелот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *