Јокиќ „згрми“ дабл-дабл за три четвртини во Оклахома

Јокиќ „згрми“ дабл-дабл за три четвртини во Оклахома

Во доцните часови на ноќта имавме можност да погледнеме само два натпревари од НБА лигата. Во овие два дуели победи обезбедија тимовите на Денвер Нагетс и Јута Џез.

Денвер ги демолираа кошаркарите на Оклахома Сити Тандер со 119:101. Дуелот во Колорадо беше решен пред самиот почеток на последната четвртина, кога Денвер започнаа со 29 поени предност. Повторно во боите на Нагетс блескаше Никола Јокиќ кој го заврши натпреварот со 28 поени, 12 скока и 6 асистенции.

Јокиќ последната четвртина ја помина на клупата бодрејќи го тимот кон нова победа. Српскиот интернационалец е единствениот играч покрај Домантас Сабонис од Индијана Пејсерс кој на сите одиграни натпревари досега има постигнато „дабл-дабл“.

Џез на сличен начин ги декласираа Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 118:102. Во редовите на Џез беа Донован Мичел и Џордан Кларксон со 28, односно 18 поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *