Угостителите нетрпеливи, даваат рок до 25 јануари за Владата да им помогне

Угостителите нетрпеливи, даваат рок до 25 јануари за Владата да им помогне

Угостителите бараат безусловна субвенција за сите вработени во угостителската индустрија во висина на бруто плати за време на важење на рестриктивните мерки или до крајот на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Тие бараат директна неповратна финансиска помош, слична на грантовите кои им беа доделени на ноќните клубови и категоризираните ресторани. Потоа безусловна достапност на угостителската дејност до долгорочни и бескаматни државни кредити за одржување на тековна ликвидност и унапредување на угостителството. Следи изедначување на ДДВ за угостителски услуги согласно ветувањата на 10% на сите угостителски услуги во сите видови на угостителски објекти. И за крај угостителите бараат одлагање и репрограмирање на извршни постапки врз угостителите и угостителската индустрија, односно трансформација на секое извршно решение во решенија за исплата на рати со грејс период или наплата по завршување на пандемијата ковид-19.

 „Владата заедно со Министерството за економија и Министерството за финансии во целост ја носат обврската и одговорноста за опстанокот на угостителската индустрија до завршувањето на пандемијата ковид-19. Владата со одлуките од последната седница докажа и покажа ако сака, кога сака има и услови и можности и начини по кратки постапки да креира безусловни посебни економски мерки за финансиска поддршка и неповратна помош на индустриите погодени од пандемијата ковид-19“

соопшти НУК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *