Reddit приказни: Денес зае*ав кога добив оргазам за време на шишање (18+)

Reddit приказни: Денес зае*ав кога добив оргазам за време на шишање (18+)

Платформата Reddit е место кај што многу луѓе можат да споделат приказна, да уживаат во хумористични содржини или едноставно да вршат интеракција со други луѓе. На Reddit можете да пронајдете заедница за буквално секоја тема. Една таква заедница е r/tifu, што е скратеница за „Today I Fucked Up“.

Нашата приказна доаѓа од корисникот u/ThrowAwayNumberNot1 , кој сподели мошне интимна и несекојдневна приказна за искуство во салон за убавина, кој се случил пред една година.

Нашите тела работат на чуден начин, некогаш сме неверојатно горди на нив, но некогаш може да потфрлат во најнезгодните моменти.

Happy End масажа со помалку чекори

„ Јас сум маж во своите 30-ти години. Мојата жена кога целата ситуација се случи беше девет месеци бремена и немав добиено акција веќе некое време. Нејзин избор, не мој. Мојата сопруга е единствената личност со која имам спиено. Станавме пар уште во средно.

Обично одев да се потстрижам кај локалните евтини бербери бидејќи реално не ми беше грижа. Мојата жена последните неколку години одеше во локалниот салон за убавина за масажа, фризура, менување боја на коса, вообичаеното. Претходниот пат имав лошо искуство во мојата берберница, едноставно не ми се допаднаа резултатите. Жена ми ги зеде работите во нејзини раце и ми резервираше термин во нејзиниот салон.

Се појавив и бев во нивната чекална. Стилистката ме повика и боже ама беше згодна. Незгодно згодна.

Откако седнав на столицата реално прекинав да размислувам на тоа, имавме пријатен и добар разговор, за… од сите можни работи… мојата жена. Да, ужасно битие сум. Ми ја среди косата и потоа ме однесе во задниот дел од салонот каде на сите им ја мијат косата. Како што почна да ми ја мие косата, не знам што ми се случи, но се чувствував навистина пријатно додека ми ја масираше главата додека го нанесуваше шампонот. И ОП МИ СЕ НАДРВИ. За среќа, начинот на кој што ја постави наметката врз мене го сокри тој факт прилично добро… се надевам. Имав топол пешкир над моите очи.

Завршува со миењето и потоа ме понуди со масажа на дланките. Одбив бидејќи сум маж и тоа ми е чудно, поготово кога ќе се додаде и нејзината убавина како фактор. Нејзината реакција беше чудна, изгледаше изненадена што не ја сакам масажата. Ме праша повторно дали сум сигурен, и мислев дека ќе ја навредам ако повторно кажам „не“ и се согласив на масажата.

Масжата беше боженствена. Не знам што ми беше, но беше неверојатна. Наеднаш почуствував мали вибрации во мојот пенис. Не можев да ги спречам, тие само стануваа поинтензивни и поинтензивни.

Потоа смени дланка, го зеде лосионот и го стави шишенцето на мојот стомак, шишенцето се лизна надоле и едвај го допре мојот пенис. Тоа беше последната сламка и се случи. Следно нешто што знам е доживувам целосен оргазам и не можам да го спречам.

Ги преклопив нозете една врз друга за да го скријам фактот што мојот пенис и препони константно грчеа, бев засрамен. Немав идеја што да сторам. Спермата почна да се упива во моите боксерки и беше ужасно чувство.

Мислам дека не примети што се случи, фала му на бога. Ја заврши масажата на дланките и го имав најчудниот од во мојот живот назад до нејзината столица. Се изгасив и пробав што е можно побрзо да го завршам терминот. Сигурен сум дека бев потополно црвен од срам. Го завршивме терминот и отидов на касата за да платам. Во епски момент на јасно размислување и донесување одлука, решив да и дадам огромен бакшиш згора на сѐ. Мислам дека целиот третман ме чинеше 50 долари, а јас додадов уште 50 долари бакшиш. Да, идиот сум и ако случајно знаела што се случило, мислам дека стана уште милион пати почудно.

Си стигнав дома, ја избегнував жена ми и отидов директно во бањата, ги скрив алиштата и ги ставив во машината веднаш по туширањето.

Никогаш не сум стапнал повторно во тој салон и сум сега задоволен со моите лоши фризури од локалните берберници. Мојата сопруга не знае. Ако ѝ ја раскажев оваа приказна една недела пред да се породи, разговорот можеше да отиде во било која насока, а ако ѝ кажам сега, една година подоцна тоа би било уште толку незгодно.

Тоа е мојата приказна. Судете ми колку сакате. Свесен сум дека сум идиот и направив милион работи за да биде уште полошо. Се чуствувам како сексуално да сум ја вознемирил стилистката или нешто слично. Се мразам, но не до толку да не можам да живеам со себе.

Кога го користев зборот незгодно згодна, тоа го мислев во смисла дека на некој начин е „навредливо што е толку згодна“ во позитивна смисла.“

Што мислите за постапката на мажот?
Како би се чувствувале доколку вашиот партнер ви каже вакво искуство?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *