Џудо тренер злоставувал малолетни ученички

Џудо тренер злоставувал малолетни ученички

ОЈО Прилеп започна постапка против 46-годишниот тренер по џудо од Прилеп, поради сомнение дека извршил полови дејствија врз малолетни ученички, кои родителите му ги довериле за тренирање и воспитување.

Јавниот обвинител му одредил мерка притвор од 30 дена.

– Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, стои во соопштението.

ОЈО го сомничи лицето дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *