Бајден на четири фронта ќе се бори против расизмот во САД

Бајден на четири фронта ќе се бори против расизмот во САД

Неприкосновен факт е дека во последните четири години расните тензии во САД ескалираа на потполно ново ниво. Бајден верува дека време е да почне Америка да се опоравува од сегрегацијата која беше креирана за времето на Трамп.

Тој го осуди нападот на Капитол како акт на „крадци, бунтовници, политички екстремисти и поддржувачи на белата надмоќ“. Но, покрај тој ужасен чин на поддржувачите на Трамп, тој е свесен дека големо мнозинство американци веруваат во еднаквоста.

„Никогаш целосно не ги оправдавме основните начела на оваа нација дека сите луѓе се создадени еднакви и имаат право еднакво да бидат третирани во текот на животот“,

кажа Бајден во изјавата дадена во Белата куќа

Сега е време за дејствување, не само затоа што е правилно, туку и дека ако тоа се стори, на сите ќе им биде подобро, додаде Бајден.

Оваа битка против расизмот нема да е воопшто лесна ако се земе предвид дека ќе ја води на четири фронта. Бајден планира да ја ограничи можноста на американската влада да користи приватни затвори. Потоа, да се зајакне антидискриминациската регулатива во областа на издавањето недвижности, како и истакнување на посветеноста на племенскиот суверенитет на индијанците. Последниот фронт е во однос на коронавирусот и ќе ја осудува дискриминацијата против американците со потекло од Азија.

Соединетите Држави, кои сè уште го чувствуваат наследството на ропството укинато во 19 век, минатата година ги тресеа протести против расизмот и полициската бруталност во многу градови како одговор на бројни инциденти, вклучувајќи го убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис во мај 2020.

Бајден уште минатата година потпиша извршен указ со кој се воспоставува владина иницијатива за решавање на расната неправда и систематскиот расизам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *