Reddit приказни: Денес за*бав кога пратив слика од задникот на мојата банка

Reddit приказни: Денес за*бав кога пратив слика од задникот на мојата банка

Нова недела, нова приказна од Reddit, односно r/tifu. Оваа недела, корисникот u/KreesieHenkie мислејќи дека е препаметен за хакери, пратил срамна слика на претставници од неговата банка.

„Пред два дена добив е-пошта, наводно од мојата банка, велејќи дека потребно е да го верифицирам мојот идентитет бидејќи немаат никакви лични документи за потврда. Е-поштата изгледаше сомнително, па одговорив со, „важи сигурно, иако многу напор бил вложен во пораката за да изгледа како вистински да е пуштено од банка.

Ден подоцна добив одговор во кој стоеше дека вработениот во банката ја разбира мојата загриженост, но побара навистина да го потврдам идентитетот. Во е-поштата дури и побара да користам мобилна апликација на банката за да го сторам тоа.

Секако, како секој разумен човек, се извинив и пратив слика за да го потврдам мојот идентитет… Само што сликата која ја пратив беше навистина грозна слика од мојот задник, поточно анусот. Ако ти е хакеру, си реков, и не слушнав од измамникот до крајот на денот и бев прилично горд на себе. Додека… не добив писмо на мојата домашна адреса од банката, велејќи дека веќе неколку пати побарале од мене да го верифицирам идентитетот, на што добија прилично… грозен одговор. Тие ми рекоа дека имам 14 дена да го потврдам идентитетот, во спротива сметката ќе ми биде замрзната.

Претпоставувам може да го замислите хоророт кој го искусив кога го прочитав писмото и морав да се извинам и да пратам вистински одговор.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *