ВИДЕО: Фудбалска мајсторија – Елмас ја мина цела одбрана и погоди со Парма!

ВИДЕО: Фудбалска мајсторија – Елмас ја мина цела одбрана и погоди со Парма!

Македонскиот „бисер“, Ељиф Елмас уште еднаш покажа што знае со топката ако му се остави простор за игра. Во пресметката од Серија А меѓу Наполи и Парма, тој доби шанса од првата минута и одлично одговори.

Елмас доби топка на средината од теренот, истрча до шеснаесетникот, издрибла неколкумина и убаво пласира крај Сепе за предност на својот тим.

  • Продорот и голот на Елмас:

Овој погодок е втор во низа на двата стартови на Елмас во Наполи, откако на претходниот меч од Копа Италија погоди против Специја. Сега на потег е Гатузо, кој мора да му обезбеди повеќе простор на Ељиф Елмас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *