Данска ја обрани круната, преку Шведска до трофејот на СП!

Данска ја обрани круната, преку Шведска до трофејот на СП!

Ракометарите на Данска ја добија драмата против Шведска и ја одбранија светската титула, овојпат во Египет со резултат 26-24 (13-13). Тесниот дуел во преубавиот комплекс во Каиро беше долго изедначен, а разликата ја направи подолгата клупа и клучните одбрани на Ландин.

Мечот започна со егал, се играше гол за гол и ниту еден тим не се одлепи, а најголемата позитива која двете селекции ја имаа беше два погодоци. Слично тргна и второто полувреме, но се испостави дека поголемата ротација на Јакобсен е кобна за Шведска на Солберг. Иако Швеѓаните парираа и не се откажуваа, во финишот падна концентрацијата и Никлас Ландин со неколку фатени зицери го трасира патот кон победата на Данска.

Токму Ландин беше меѓу најдобрите на мечот со 15 интервенции, Хансен имаше шест погодоци, а пет даде Нилсен. Кај Швеѓаните Ване пак беше најдобар со пет, а четиир голови даде Лагергрен.

Во мечот за третото место претходно „црвената-фурија“ со одличен перформанс ја победи Франција (30-26). „Триколорите“ беа непрепознатливи, грешеа во нападот и лесно примаа гол, а меѓу стативите блесна Родриго Коралес. Браќата Дујшебаев беа расположени за игра и беа меѓу најдобрите во тимот на Шпанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *