Лидс и Алиоски ставија крај на победничката низа на Лестер! (ВИДЕО)

Лидс и Алиоски ставија крај на победничката низа на Лестер! (ВИДЕО)

Во 21. коло од англиската Премиер Лига, Лидс со нашиот Езѓан Алиоски го победи Лестер Сити со 1-3 и му направи големи проблеми во битката за врвот, каде Ливерпул и Манчестер Сити се сепоизразени фаворити, откако победија на средбите со Шефилд и Вест Хем, додека Манчестер Јунајтед одигра дерби без голови против Арсенал.

Лестер поведе во 13. минута со голот на Ешли Барнс по еден фантастичен двоен пас со Мадисон. Сепак, само 2 минути подоцна Лидс возврати преку Далас, а Патрик Бамфорд, кој имаше одлична партија, беше асистентот.

Иако статистички секој аспект од играта одеше во полза на Лестер, гостите неуморно работеа на покривање на сите позиции на теренот, одлично се движеа без топка, поради што домаќините не успеваа да го пробијат бедемот пред голот на Меслие.

Но затоа Лидс знаеше како да постигне гол и тоа преку асистентот Патрик Бамфорд, кој во 70. минута со топовски удар во горниот десен удар стрелаше за 1-2. Точка на средбата стави Харисон во 84. минута по една молњевита контра, а Бамфорд покрај голот, ја запиша и втората асистенција на средбата. Нашиот Алиоски ги одработи сите 90 минути на левата бековска позиција.

На другите средби-

  • Вест Хем 1-3 Ливерпул
  • Челзи 2-0 Барнли

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *