Брајтон му приреди изненадување на Мурињо, титулата уште подалеку

Брајтон му приреди изненадување на Мурињо, титулата уште подалеку

На последните четири натпревари од Премиер лигата, Тотенхем е во вистинска криза. Остварија една победа и реми, а загуби на последните два дуели.

Минатото коло изгубија од бранителот на титулата, Ливерпул, а вечерва избраниците на Мурињо потфрлија против Брајтон. На Брајтон им беше доволен само еден гол за да го победат Тотенхем. Конечниот резултат го постави Тросар, уште во 17. минута.

Од друга страна, Ливерпул стави крај на својата лоша среќа и ги победија Вест Хем со 1:3. Во овој дуел, сите голови беа постигнати во вториот дел од натпреварот. За „црвените“, два пати погоди Салах, а еднаш Винјалдум, додека кај Вест Хем предноста ја намали Досон.

Клубот од „Енфилд“ моментно е на третата позиција со 40 бодови, зад второпласираниот Манчестер јунајтед (41), а водечки е Манчестер сити (44) кој има еден натпревар помалку.

В недела се одиграа уште два меча, Лидс на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски изненадувачки славеше кај Лестер, а Челси со 2:0 триумфираше над Барнли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *