Во Португалија половина од жртвите се само во јануари, мртовечниците под притисок

Во Португалија половина од жртвите се само во јануари, мртовечниците под притисок

Португалија соопшти дека скоро половина од жртвите на коронавирус во земјата биле само во јануари, објави Ројтерс.

Новинската агенција забележува дека информациите ја потенцираат тешката состојба во земјата, која генерално здравствените власти успеваа да ја одржуваат стабилна за време на првиот бран на пандемијата на коронавирусот.

Болниците во земјата со над 10 милиони жители се пред колапс, а во амбулантите понекогаш се чекаат редови со часови за кревети.

Властите во Португалија признаваат дека ублажувањето на рестриктивните мерки околу Божиќните и новогодишните празници е сериозна причина за здравствениот колапс.

Во јануари, вкупно 5.576 лица починаа од коронавирус, што претставува 44,7% од сите 12,482 смртни случаи од почетокот на пандемијата. Некои болници, вклучувајќи ја и најголемата. Санта Марија, инсталираа дополнителни ладилни комори за да го намалат притисокот врз мртовечниците.

Од март 2020 година, во земјата се регистрирани 711.018 случаи на коронавирус, а 43% од овие инфекции биле во јануари. До денес, 70 000 Португалци примиле две дози вакцина. Од денес, сите над 80-годишна возраст се вакцинирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *