Во САД со првата доза вакцинирани 25,5 милиони Американци

Во САД со првата доза вакцинирани 25,5 милиони Американци

25,5 милиони Американци ја примиле барем првата доза на вакцина против коронавирус, пишува Гардијан.

Вчера беа потврдени 111.896 нови случаи на коронавирус во САД и починаа 1.794. Податоците на Џонс Хопкинс покажуваат дека 26.187.424 Американци се заразени со коронавирус. Бројот на починати достигна изнесува 441.331.

Пад има на приеми во болница. Втор ден има помалку од 100.000 – 95.013 пациенти со коронавирус. Ова е најниско ниво од 30 ноември досега.

Според последните проценки, вирусот ќе однесе животи на најмалку 130.000 луѓе во следните три месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *