Женската селекција на Македонија поради ковид-19 не патува во Рига

Женската селекција на Македонија поради ковид-19 не патува во Рига

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија нема да игра на квалификацискиот „балон“ во Рига, откако во редовите на тимот се појавија два позитивни случаи на ковид-19.

Иако двата заразени случаи се од стручниот штаб, поради непосреден контакт КФСМ и ФИБА се договорија дека најбезбедно е Македонија да не патува за Летонија.

„Со оглед на тоа дека биле во најблизок контакт со ‘позитивните’, во наредниот период останатите членови на нашиот национален тим, а по препорака на лекарските авторитети, ќе бидат во самоизолација, со што би се спречило ширење на заразата.Како одговорна федерација, ние секојдневно ќе ја следиме состојбата на сите членови на нашата женска селекција“, кажа генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски.

Македонија требаше да игра против Летонија и Хрватска за престиж на четврти, односно шести февруари, ама тоа нема да може да го исполни. Останува да видиме дали последните два квалификациски дуели за пласман на Европското првенство ќе добијат нов термин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *