Царовска: Училиштата ќе ги надоместат изгубените часови од бојкотот

Царовска: Училиштата ќе ги надоместат изгубените часови од бојкотот

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска истакна дека училиштата ќе се реорганизираат и ќе ги надоместат изгубените часови на матурантите кои протестираа поради матурата.

Таа додаде дека сите ученици коишто сакаат да продолжат на факултет ќе мораат да имаат положено државна матура.

„Секое училиште има начин на којшто си ги надоместува изгубените часови, како секојпат кога има неможност да се спроведе наставата, така и овојпат ќе си се реорганизираат и тоа ќе се спроведе во училиштата“ – рече Царовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *