ЕУ го осуди воениот удар во Мјанмар

ЕУ го осуди воениот удар во Мјанмар

Европската Унија силно го осуди воениот удар во Мјанмар и побара ослободување на приведените. Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, своето незадоволство кон пучот го изрази на социјалните мрежи,

Тој ја повика мјанмарската војска да ги ослободи многубројните луѓе, кои на нелегален начин се лишени од слобода за време на акциите спроведени низ целата земја.

„Потребно е почитување на изборните резултати и повторно воспоставуање на демократските процеси“,

смета Мишел

Пучот во Мјанмар најстрого го осуди и високиот претставник за надворешни односи и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

„Потребно е почитување на изборните резултати и Уставот. Народот на Мјанмар сака демократија, ЕУ е покрај нив“,

наведе Борел

Изборната комисија ги демантираше наводите дека имало измама на изборите на кои победи владејачката партија на Аунг Сан Су Кји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *