Пандев руши рекорди во Серија А

Пандев руши рекорди во Серија А

Македонскиот фудбалер, Горан Пандев, во дуелот против Кротоне постави нов рекорд во историјата на Серија А. Тој се израмни со Серџо Пелисие за најмногу дуели во историјата кои еден фудбалер ги почнал од клупата за резервни играчи.

Пандев вчера од клупата го започна неговиот 154. дуел, ист број колку Серџо Пелисие. Со оглед на тоа што го чекаат уште натпревари во Серија А, нашиот репрезентативец очекувано ќе стане нов рекордер.

Во Серија А, Пандев ги бранеше боите на Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *