164 санкционирани  возачи во Скопје, 28 за брзо возење

164 санкционирани возачи во Скопје, 28 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, од кои 24 за возење без возачка дозвола, 28 санкции за непочитување на брзината на движење, 7 за управување под дејство на алкохол, 10 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 3 мерки за користење на мобилен телефон, 5 за некористење на сигурносен појас и 24 за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *