Трета сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“

Трета сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Преку соодветни текстови, видео и аудио записи ќе се запознае јавноста со ретките дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата земја. Проектот е од информативно едукативен карактер на кој работеа професори и доктори од Детската клиника и Клиниката за Неврологија во Скопје во текот на изминатата година.

Со овој проект ќе ја подигнеме јавната свест со цел да ги доближиме проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести, до јавноста и институциите. Супер радио, Лолеска Гордана и „Живот со предизвици“ оваа година ја изработија третата сезона од проектот „Ги запознаваме ретките болести“.

За таа цел беа изработени 28 текстови за веб портали, 28 аудио клипови и 28 видео клипови на македонски и албански јазик. На овој начин ќе се продолжи континуитетот со запознавањето на општата популација со ретките дијагнози кој би
довел до саканите ефекти на истиот.

Оваа година за Денот на ретките болести 2021 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет. Како и секоја година,така оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.

Во понеделник, на 1 февруари започнуваме со националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“, но и со осветлување на Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид.

Самуиловата тврдина ќе биде осветлена цел месец февруари во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретки болести. Но, секако дека не застануваме тука, па затоа Ве повикуваме да ни се придружите, осветлете некој објект или дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда, споменик и сл.

Говорници на прес конференцијата ќе се:
Проф. Д-р. Велибор Тасиќ, специјалист педијатриски нефролог
Проф. Д-р. Иван Барбов, специјалист невролог и
Д-р. Тодор Арсов, специјалист имунолог генетичар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *