ВИДЕО: Јуве доби одмазда, Роналдо го сруши Интер во Купот!

ВИДЕО: Јуве доби одмазда, Роналдо го сруши Интер во Купот!

Фудбалерите на Јувентус славеа во 293. „Дерби Д’Италија“ против Интер со 1-2 (1-2), во рамките на првиот дуел од полуфиналето на Купот. Иако избраниците на Антонио Конте рано поведоа, Кристијано Роналдо беше херој на „бјанконерите“ и донесе победа пред реваншот за седум дена.

Интер тргна поконкретно, па заслужено стигна до предност од 1-0 уште во деветтата минута. Стрелец на погодокот за домаќинот беше Лаутаро Мартинез, откако доби употреблива топка од Барела, добро се снајде и го матира Буфон.

Јувентус не играше добро, беше во подредена улога, ама тоа на го спречи да дојде до израмнување. Ешли Јанг направи фаул во шеснаесетникот, влечејќи го Квадрадо. Одговорноста ја презеде Кристијано Роналдо и атрактивно реализиза за 1-1. Не му требаше долго на Португалецот да стигне и до втор погодок, бидејќи веќе во 35. минута погоди за пресврт. Хандановиќ непотребно излета, не се разбра со Бастони и му подарија празна мрежа на Роналдо, а тој во таква ситуација не простува.

  • Најинтересните моменти од натпреварот:

По паузата Интер беше подобар, имаше две големи шанси но не успеа да израмни. Санчез биеше кон небранетиот гол откако Буфон излета, но Демирал спаси од гол-линија, додека ветеранот на Јуве одбрани неверојатен зицер по шансата на Дармијан.

Реваншот на „Алијанц Стадион“ е закажан за седум дена, а утре ќе играат Наполи на Ељиф Елмас и Аталанта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *