Во Прилеп мајмун не игра, ама цел Прилеп еден слон го чува (ФОТО)

Во Прилеп мајмун не игра, ама цел Прилеп еден слон го чува (ФОТО)

Во Прилеп велат, искачете ги легендарните Маркови Кули и ќе ја видите карпата со форма на слон, вистинското чудо на природата и чувар на градот на мајмуните.

Еден од најинтересните експонати на прилепскиот релјеф – објект во камен кој, веројатно, илјадници години го фасцинира човекот од неговата поблиска околина, но и од поширокиот свет, е т.н. „Камен Слон“ или (за некои) „Камен Штрк“ или друг вид птица. Во Прилеп, главно, е познат како „Слонот“. Што, всушност, претставува овој објект?

КАМЕНИОТ СЛОН КАЈ ПРИЛЕП – СПОМЕНИК ОД ПРАИСТОРИЈАТА – Пелагон Портал

Во постарите културни периоди, како што се неолитот, енеолитот и бронзеното време, оваа исклучителна карпа, веројатно била објект на нагласено обожување, како објект со божествено потекло, дом на моќни божества, околу која се одигрувале разновидни процесии и ритуали за придобивање на милоста на натприродните суштества, кои владееле со природните сили и духовниот свет. 

Податотека:Prilep, zulovy utvar zvany Slon.jpg — Википедија

Жителите на Варош и Прилеп биле активно вклучени во духовниот и материјалниот живот врзан за слонот.

  • Луѓе што имале направено лоши дела доаѓале до слонот, во камарите секогаш полни со вода, на миење раце и лице за да се исчистат.

  • Најраширено е преданието дека слонот бил ослободување од јаловост. Штири жени (кои немале родено), се вртеле околу слонот со свеќу во рацете во ноќите меѓу петок и сабота за да ги смилуваат вишите сили да им дадат челад. Овој обичај бил осуетен од црковните власти и бил прогласен за пагански.

  • Се зборува дека и Ханибал ги донел слоновите во Прилеп на поклонение на камениот природен монумент како слон по освојувањето на Рим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *