Што гледа Дознај.мк оваа недела?

Што гледа Дознај.мк оваа недела?

Среда е можеби најдосадниот ден од неделата, на праг сте од викендот, а истовремено е близу почетокот на неделата. За да ви биде поинтересна оваа недела, погледнете што ќе гледаат оваа недела нашите новинари.

Марко Гулевски

Конечно ќе загризам и ќе видам што е толку возбудливо за една од најголемите, ако не и најголемата серија на Амазон, The Boys. Константно слушам добри нешта за серијата и колку луѓето ја сакаат. Обично имам одбивност и не ми се допаѓаат „мејнстрим“ работи, така да отворен сум да бидам пријатно изненаден.

Мојот втор избор ќе биде повторно анимирана серија. Станува збор за The Owl House. The Owl House е анимирана серија која ја следи Луз, младо девојче кое поради својата бујна имагинација се соочува со проблеми на училиште. Како резултат на тоа, директорот и нејзината мајка решаваат дека летниот камп е најдобар избор за неа. Меѓутоа, чекајќи го автобусот стига во нов свет, каде вежба да стане наредната вештерка.

Филип „Dr.Lorre“ Ѓоршовски

Денеска денов не ми беше и нешто најпогоден, а не бев и нешто продуктивен на 100%, повеќе како на 33%. И што има подобро од гледање на добар хорор филм кога денот ти бил тежок, така се враќаш во реалноста дека има и полошо од твоето.

За вечерва одлучив да го гледам еден од омилените хорори, Insidious. Прв пат овој филм го гледав со брат ми (хардкор хорор љубител) и уште ми е еден од највозбудливите филмови за гледање. Иако хронолошкиот редослед на сите 4 филмови е поинаков, јас сепак уживам да ги гледам како што беа и снимени, така првиот дел од 2010 година е тој што треба да го гледате секако прв. Има се што е потребно за добар хорор, драмата, позадинската приказна, тензијата и по некој „jump scare“. Ѕирнете го и мислам ќе ви се допадне на тие кои го немате гледано, другите и сами знаете дека е добар филм.

Како и секогаш, за добар сон ви препорачувам една епизода South Park, пример Butters’ Very Own Episode. Останете ми со здравје!

Дамјан Темелкоски

Сигурно и оваа објава ја читате преку социјалните мрежи, веројатно Фејсбук, корисник сте како и милиони луѓе ширум светот, а не сте запознаени како оваа платофма порасно во најголемото нешто на 21-виот век. Затоа вреди да го гледате „The Social Network“ или „Социјална мрежа“, филмот кој ја раскажува приказната на Марк Цукерберг и неговиот пат до успехот, кој не само што бил преполн со скандали уште од тинејџерските години, туку и често пати самиот тој морал „да ги извалка рацете“ и да игра нефер игра.

Вторава опција ви ја предлагам само ако сте голем фан на анимирани серии направени со CGI анимации, во спротивно напротив, предлагам да не ја гледате. Во „Dragon’s Dogma“ се работи за човек кој ќе ја загуби својата бремена жена, откако ќе биде убиена од змејот кој ќе го нападне нивното село, а дејствието се надоврзува и на седумте смртни гревови. Важно е да знаете дека овој мини серијал од седум епизоди е правен според истоимената видео игра која собра голем број на фанови на почетокот на оваа деценија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *