Ристовски одличен, Дибиров даде девет гола, ама Вардар загуби од Порто!

Ристовски одличен, Дибиров даде девет гола, ама Вардар загуби од Порто!

Ракометарите на Вардар го запишаа и четвртиот пораз по шест натпревари во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија кај Порто со 27-24 (13-13). Иако „црвено-црните“ имаа одлична позитива на стартот, не издржаа и долго беа во негатива. На крајот, техничките грешки беа пресудини и португалскиот тим стигна до бодовите.

По водечкиот гол на Порто, следеше фуриозна серија на Вардар со која стигна до 5-1. За жал, ривалот бргу се консолидираше и врати со иста мера, па стигна до егал. Македонскиот тим пак поведе со три голови, но слично како и претходно испуштија чекор па Порто пак се врати. До полувремето се играше изедначено и на пауза екипите заминаа со нерешени 13-13.

Португалците одлично отворија во вториот дел, со серија од 4-0 се одлепи и поведе. Вардар долго бркаше резултат, се обидуваше да фати приклучок ама премногу грешеше во нападот. Иако на крајот се истакна Борко Ристовски и го врати тимот во игра, лошата реализација беше клучна за Вардар да не се врати во игра.

Покрај Борко Ристовски кој собра 15 интервенции, се истакна и Тимур Дибиров со девет голови од девет обиди, Ловро Јотиќ даде пет, додека новајлијата Шеваљевиќ даде четири голови. Кај Порто најефикасен беше Бранкињо со седум погодоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *