ВИДЕО: Интер преку Фиорентина пак е лидер во Серија А!

ВИДЕО: Интер преку Фиорентина пак е лидер во Серија А!

Фудбалерите на Интер прокнижија три бода на гостувањето кај Фиорентина (0-2), на отворањето од 21. коло од Серија А. Средбата на „Артемио Франки“ понуди по еден гол во двете полувремиња, а „нераѕурите“ се искачија на првата позиција во лигата барем до недела кога својот меч од ова коло го игра Милан.

  • Најинтересните моменти од натпреварот:

Интер беше подобар, но на гол во мрежата на Драговски чекаше до 31. минута. Одличниот играч за врска, Николо Барела по еден корнер доби топка на околу 25 метри, па со пласиран удар ја погоди малата мрежа од голот. Фиорентина можеше бргу да врати, но изнудија двојна одбрана на Хандановиќ.

По паузата Интер пак тргна офанзивно, а тоа резултира со нов погодок. Овојпат стрелец беше Иван Перишиќ, но акцијата ја одработи Хакими кој несебично го проигра Хрватот кој погоди на празен гол (0-2). Уште еднаш мрежата на Драговски ја стресе Лукаку, ама голот беше поништен поради офсајд.

Сега, Интер се прв со 47 бодови, еден повеќе од Милан кој в недела игра против Кротоне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *