Средношколците привремено го прекинуваат бојкотот на наставата

Средношколците привремено го прекинуваат бојкотот на наставата

Средношколците привремено го прекинуваат бојкотот на наставата во период од 6 до 12 февруари, соопшти синоќа  Сојузот на средношколци.

Во соопштението се наведува дека по средбите со пратеници во Собранието, Сојузот на средношколци добил поддршка од повеќе од 70 пратеници во парламентот и поради тоа донесе одлука да биде прекинат бојкотот на наставата, се вели во соопштението.

„Бојкотот на наставата на средношколците беше започнат поради нивните барања наместо четири, да полагаат два предмети, едниот да биде задолжителен мајчин јазик, додека вториот да биде изборен, како и проектна задача“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *