Акцијата во Прилеп продолжува, до сега уапсени седуммина

Акцијата во Прилеп продолжува, до сега уапсени седуммина

Полициската акција која започна вчера попладне во Прилеп, продолжува и викендов, а до сега уапсени се седуммина од групата која се разбива и е осомничена за трговија со дрога и наркотици.

Вчера веќе протекоа информации дека меѓу осомничените се сопственици и менаџери на локали и хотели, како и полициски службеници. Во акцијата се трага по дрога, кокаин, хероин и марихуана.

Инаку има и 20 други осомничени, но официјални детали ќе изнесе денеска МВР. Запленети се мобилни телефони и пари, а во акцијата учествувале и инспектори од Скопје, како и кучиња трагачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *