Халанд: Јадам како коњ, ама има една работа што ја обожавам

Халанд: Јадам како коњ, ама има една работа што ја обожавам

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд веќе втора сезона игра на врвно ниво, иако оваа сезона играта на неговиот тим е далеку под очекувањата.

Сјајниот 20-годишен напаѓач експлодираше во дресот на Салцбург, а потоа и во дресот на Борусија Дортмунд, чиј член стана пред една година.

Халанд откри дека обожава да јаде, а она што е чудно за фудбалер е тоа што не бира.

“Кога дојдов во Молде (2017) бев висок 187 сантиметри. Кога заминав, имав 193 сантиметри и тежев 20 килограми повеќе”, рече Халанд и додаде:

“Јадам како коњ. Навистина сакам да јадам многу, а особено сакам чоколадна торта”, рече Халанд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *