(ВИДЕО) Баерн Минхен преку Ал Ахли во финалето на Светското клупско првенство!

(ВИДЕО) Баерн Минхен преку Ал Ахли во финалето на Светското клупско првенство!

Екипите на Баерн Минхен и Тигрес ќе се соочат во финалето од Светското клупско првенство, кое се одржува во Катар.

„Баварците“ улогата на фаворит ја оправдаа во дуелот со Ал Ахли во кој славеа со 2-0, а популарниот Роберт Левандовски „Лева“ ја продолжи својата неверојатна форма со новите два гола.

Момците на Ханс Флик доминираа во текот на целата средба, со посед на топка од 65% и три пати подобра статистика од противникот речиси во секој параметар.

Претходно, во другото полуфинале, Тигрес се пласираше во финалето откако го победи бразлиски Палмериас со 1-0.

Мексиканско-германското финале се игра на 11 февруари, на стадионот „Едукејшн Сити“ во Ал-Рајан, Катар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *