СЗО: Бројот на новозаболени и смртни случаи се намалува

СЗО: Бројот на новозаболени и смртни случаи се намалува

Според Светската здравствена организација (СЗО), во периодот од 1 до 7 февруари бројот на новозаболени со коронавирус се намалил за 17 проценти на глобално ниво, а вкупниот број на смртни случаи се намалил за 10 проценти. Овој тренд трае веќе четврта недела едноподруго.

Од 1 до 7 февруари СЗО забележа 3.153.426 нови случаи на коронавирус ширум светот, 17 проценти помалку од претходната недела.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 105.429.382 случаи на Ковид-19 и 2.302.614 смртни случаи.

Во Европа се бележи пад од 19% на бројот на нови случаи, како и 13% на смртноста.

Помеѓу 1 и 7 февруари, најголем број нови случаи се потврдени во САД, околу 871.000, следи Бразил со околу 328.000, Франција со 136.000 и Велика Британија со приближно 133.000.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *