Јута и понатаму на врвот во НБА лигата

Јута и понатаму на врвот во НБА лигата

Кошаркарите на Јута Џез ја одбранија првата позиција во Западната конференција, а воедно и цела НБА лига со нова победа над Бостон Селтикс. Со 122:108, Јута стигнаа до 16. победа во лигата.

Најдобар во редовите на Џез беше Донован Мичел со 36 коша и 9 асистенции. Во редовите на Селтикс, најефиксане беше Џејленр Браун со 33 поени. Важна улога во победата на Џез имаше хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ кој додаде 16 коша со 8 скокови и 4 асистенции, а кога Селтикс кон средината на четвртата делница се приближија на само 97:101, со „тројка“ ја врати поопипливата предност на домашните.

Јута владее со Западот со резултат 20-5, победа помалку и пораз повеќе имаат Лејкерс, додека Бостон со соодносот 12-12 е на четвртото место на Истокот.

Интересен беше дуелот во Мајами, каде што минатогодишните финалисти домашните Хитс стасаа до третата последователна победа совладувајќи ги Њујорк Никс со 98:96. Гостите имаа неколку шанси во самиот финиш да дојдат до поповолен резултат, а последната ја испушти ЕрЏеј Барет кој со звукот на сирената не реализираше „полагање“ за продолженија.

Мајами до победата ги водеше Џими Батлер со 26 коша, 10 асистенции и 8 скокови, додека најефикасен кај Њујорк беше Илфрод Пејтон со 18 поени.

На Истокот, Филаделфија 76ерс својата 18-та победа ја остварија по цена на поразот кај Сакраменто Кингс. ште една одлична претстава прикажа центарот на Сиксерс, Џоел Ембид со 15 коша и 17 скокови, со што ги анулираше 34-те поени и 10 асистенции на Де’Арон Фокс за домашните. Тимот на Филаделфија е на самиот врв со 18-7 учинок.

НБА Резултати

Јута – Бостон 122:108
Сан Антонио – Голден Стејт 91:114
Мајами – Њујорк 98:96
Портланд – Орландо 106:97
Сакраменто – Филаделфија 111:119
Детроит – Бруклин 122:111
Њу Орлеанс – Хјустон 130:101

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *