ВИДЕО: Баерн го победи Тигрес и втор пат стана Светски првак!

ВИДЕО: Баерн го победи Тигрес и втор пат стана Светски првак!

Фудбалерите на Баерн Минхен одиграа уште една убедлива партија, овојпат вредна титула на Светското клупско првенство бидејќи во финалето го победија Тигрес со 1-0 (0-0).

Германската машина го задржа ривалот на само три удари, од кои еден во рамките на голот на Нојер, го надиграа ривалот и сосема заслужено ја освоија шестата титула во сезоната 2020/21.

  • Најинтересните моменти од натпреварот:

Уште во 18. минута се тресеше мрежата на мексиканската екипа, Кимих погоди, ама голот по преглед на ВАР снимката истиот беше поништен. Гнабри и Сане се закануваа за баварците, но неуспешно.

Конечно Бенџамин Павар го отвори резултатот по еден час игра, откако искористи одбиена топка и ја смести во мрежата на Тигрес (1-0). Иако и овој погодок беше прегледуван, беше потврдено дека Французинот не е во офсајд. До крајот на мечот Баерн можеше и поубедливо да победи, Толисо и Коста се закануваа, но Тигрес го одбрани својот гол.

Со овој трофеј баварците ја комплетираа една од најдобрите сезони во историјата, освојувајќи ги сите можни трофеи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *