Reddit приказни: Денеска за*бав кога моето куче изеде секс играчка

Reddit приказни: Денеска за*бав кога моето куче изеде секс играчка

Сега имаме нова приказна од r/tifu, делот од платформата Reddit каде луѓето ги споделуваат своите најсрамни моменти. Оваа приказна доаѓа од корисникот под име u/Kai5592, кој прикажува дека понекогаш е подобро да ги држиме нашите миленици подалеку од нашата спална соба.

„Минатата ноќ, мојот партнер и јас се забавуваме заедно. Не забележавме дека една од нашите „играчки“ – прстен кој вибрира- падна од креветот на подот. Нашето кутре ја забележа играчката утрово и видов како му проѕира од устата и веднаш пробав веднаш да ја грабнам пред да е прекасно. Ја отворив неговата уста само за да пронајдам ништо. Малото смрдле ја голтна цела.

По незгоден повик на ветеринарот, каде што требаше да кажам што точно изело кучето, ми рекоа итно да го донесам кај нив.

Додека бев во чекалната да го проверат, го држев, и тоа што ме запрепасти е што можев да го почуствувам неговиот стомак како вибрира.

За среќа, го натераа да ја поврати играчката и беше избегната операција. Тие ме прашаа дали си ја сакам играчката назад, нормално одбив.

Веќе никогаш нема да можам да се соочам со тој ветеринар.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *