ВИДЕО-Интер преку Лацио до врвот на табелата во Серија А!

ВИДЕО-Интер преку Лацио до врвот на табелата во Серија А!

Интер со победа над Лацио со 3-1, за прв пат по првото коло се искачува на врвот на табелата во италијанската Серија А.

Момците на Антонио Конте уште еднаш напаѓачки одиграа беспрекорен фудбал, особено во контра нападите, каде дефанзивата на Лацио, а особено Пароло, едноставно не можеа да држат чекор со белгискиот „ѕвер“, Ромелу Лукаку.

Иако „лацијаните“ се обидуваа да ја држат контролата на средината на теренот и да ги градат системски своите напади, сепак, Интер ги искористи своите шанси кога успеваше да капитализира на слабостите на противникот.

Ромелку Лукаку беше играч на натпреварот со своите два гола и една асистенција.

Првиот гол Белгиецот го постигна во 22. минута по спорно досудениот пенал за Интер, кога судијата покажа на белата точка по еден мек фаул над Лаутаро Мартинез.

За 2-0 Лукаку стрелаше на крајот на првиот дел, кога во 45. минута топката среќно заврши кај него, а тој не згреши во ситуација еден на еден со Пепе Реина.

Лацио создаде шанса резултатски да се врати назад во игра кога го намало водството на домаќинот во 61. минута преку Ескаланте. Милинковиќ Савиќ биеше од слободен удар, но несакајќи го погоди Ескаланте во бутот, а топката заврши зад грбот на Хандановиќ.

Надежта ја згасна Лукаку три минути подоцна, кога во 64. минута „пролета“ покрај Пароло и ја додаде топката до Мартинез кој само требаше да ја подбутне во мрежата за конечни 3-1.

Сега Интер е лидер со 50 бодови, 1 повеќе од второпласираниот Милан, кој викендов загуби од Специја со 2-0.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *