Покетино: Како тренер на ПСЖ сакам да освојам ЛШ

Покетино: Како тренер на ПСЖ сакам да освојам ЛШ

Маурисио Покетино во прв план има со ПСЖ да ја освои Лигата на Шампионите, барем така најави пред дербито против Барселона. Во првиот осминафинален дуел денес ПСЖ ќе гостуваат кај Каталноците.

„Тоа ќе биде специјален натпревар за нас. Се чувствува енергијата и тоа колку е важна оваа средба и може да забележиме дека сите се возбудени. Наша цел е да се освои Лигата на шампиони“,

вели Покетино

Последен пат, овие два тима се сретнаа во 2017 кога ПСЖ загубија откако обезбедија предност од 4:0 во првиот дуел.

„Мирен сум пред дербито. Овој ПСЖ е различен. Не може да го избришеме минатото, но може да ја промениме иднината“,

додава тренерот на ПСЖ

Натпреварот меѓу двата гиганти е закажан за денеска од 21 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *