178 санкционирани возачи во Скопје

178 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 39 за управување со брзина поголема од дозволената, 3 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 11 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 5 мерки за користење на мобилен телефон, 2 за некористење на сигурносен појас,2 мерки што ги чинат пешаците и 68 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *