Нова понуда на А1 за припејд корисниците – 10ГБ за 299 денари

Нова понуда на А1 за припејд корисниците – 10ГБ за 299 денари

А1 Македонија го збогатува своето припејд портфолио во мобилната телефонија и ја објавува најновата промотивна понуда за сите припејд корисници на мобилната телефонија со која добиваат 10 ГБ интернет за опуштено сурфање цел месец, за само 299 ден.

Постојните А1 припејд корисници месечниот пакет со 10ГБ интернет можат да го активираат преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање СМС порака на бројот 1410 со текст 10ГБ, а пакетот е достапен за користење откако корисникот ќе добие потврда преку СМС-порака.

Исто така, во рамки на останатите месечни интернет пакети промотивно се зголемува вклучениот интернет за истиот износ на месечна претплата. Со месечниот пакет од 500МБ за 99 денари се добива промотивно 1ГБ, со месечниот пакет од 6ГБ за 399 денари се добива 15ГБ, а со месечниот пакет од 15ГБ за 999 денари промотивно се добива дури 50ГБ.

Новите припејд корисници треба да изберат А1 Припејд сим-картичка за 299 денари при што добиваат една сим-картичка со вклучени 10ГБ интернет, или А1 дуо за 399 денари со две сим-картички, секоја со вклучени 10ГБ интернет кои можат да се користат во првите 2 недели од активирањето на сим-картичките.

Новите припејд корисници добиваат и неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата и 50 денари кредит што можат да го искористат за која било услуга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *