Фејсбук забрани споделување на вести во Австралија

Фејсбук забрани споделување на вести во Австралија

Фејсбук ги блокира сите вести од и во Австралија на својата платформа. Блокадата што ја воведува социјалната платформа е по две основи: Прво, нема да можат да се споделуваат линкови од австралиски медиуми и второ, тамошната публика нема да може да гледа или споделува вести и од австралиски и од меѓународни извори.

Од денес корисниците од Австралија кои се обидуваат да објават некаков линк од вести, добиваат порака дека линкот нема да може да биде објавен. Покрај тоа, Фејсбук страните на австралиските новински медиуми од утрово се празни без ниту еден линк.

Одлуката на Фејсбук е реакција на новиот австралиски закон кој бара од компании како Гугл и Фејсбук да им платат на медиумите одредена сума за вестите кои се објавуваат на големите технолошки платформи, а од кои гореспоменатите гиганти заработуваат сериозни пари од реклами.

„Тие во пракса кажуваат, на нашата платформа нема да може да се објави каква било информација од организација која ангажира платени новинари, кои имаат процедури за проверка на факти и уреднички политики.

Тие во пракса кажуваат, која било информација што се наоѓа на нашиот сајт не доаѓа од овие доверливи извори. Претпоставувам дека при трезно размислување ним ќе почне да им станува проблем што ова ќе значи за начинот на кој платформата се перципира,“

изјавува австралискиот министер за комуникации, Пол Флечер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *