Голден Стејт во продолжение „украдоа“ победа од Мајами

Голден Стејт во продолжение „украдоа“ победа од Мајами

Голден Стејт со пресврт излегоа подобри од Мајами Хит со 120:112. Тие мораа да бркаат негатива од 15 поени, предност што ја анулираа и отидоа до продолжение. Во продолжението, Голден Стејт постигнаа осум повеќе поени кои беа доволни за да стигнат до нивната 16-та победа оваа сезона.

Базмор со 26 и Стеф Кари со 25 поени беа најпрецизни во победничкиот тим, за Мајами се издвои Адебајо со 24 поени.

Јута продолжува да го истура својот гнев над тимовите под нив, овој пат триумфирајќи над Лос Анџелес Клиперс со 114:96. Со оваа победа, во последните 21 натпревар, тие имаат запишано 20 победи. Мичел и Гобер заедно искоминираа 47 поени и 20 скокови.

НБА Резултати

Њу Орлеанс-Портланд 124-126
Мемфис – Оклахома 122-113
Минесота – Индијана 128-134
Чикаго – Детроит 105-102
Филаделфија – Хјустон 118-113
Бостон – Атланта 114-122
Орландо – Њујорк 107-89
Вашингтон -Денвер 130-128

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *