НАСА слетува на Марс во надеж да пронајде живот

НАСА слетува на Марс во надеж да пронајде живот

Сондата „Perserverance“ денес се спрема за успешно слетување во кратерот Језеро на Марс. Ова ќе биде петтата по ред сонда на НАСА која ќе ја допре Црвената планета.

Барање знаци на древен живот и собирање примероци од карпи, кои подоцна ќе бидат донесени на Земјата во текот на следната деценија, ќе бидат главни цели на мисијата на „Персеверанс“.

Сондата би требало да испрати сигнал од атмосферата на Марс во 21:48 часот. Во орбитата на Марс пристигнаа дури три летала, на ОАЕ, Кина и сега, НАСА.

Мисијата се очекува да трае најмалку една марсовска година, или 687 дена на Земјата. Беспилотното летало на соларна енергија, прицврстено за долната страна на роверот, ќе се ослободи пред да се пушти роверот на површината, со што ќе стане првиот објект направен од човекот што ќе лета на друга планета.

Мисијата „Марс 2020“ исто така ќе собира и ќе зачувува примероци за идно враќање на Земјата, веројатно до 2031 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *