„Персевиренс“ слета на Марс и ја започна својата мисија

„Персевиренс“ слета на Марс и ја започна својата мисија

Роверот „Персевиренс“ на НАСА, се проби низ атмосферата на Марс и успешно слетал на дното на еден кратер, потврди американската вселенска агенција. Локацијата каде што слета роверот ќе биде всушност и првата станица на која роверот ќе ја започне својата мисија со цел да најде докази за постоење на живот на Црвената планета.

Предводниците на мисијата во НАСА упатија громогласен аплаус откако радио брановите потврдиле дека роверот со шест тркала успеал да го преживее опасното приземјување и дека успеал да стигне до планираното место за неговата мисија – кратерот Језеро, место каде се смета дека порано постоело езеро на Марс.

„Персевиренс“ својата авантура ја започна пред седум месеци и помина 472 милиони километри пред да ја пробие атмосферата на Марс со брзина од 19,000 километри на час.

„Ова е неверојатно достигнување. Не можам да ви објаснам колку многу емоции имав“,

изјавил директорот на НАСА, Стив Јурцук

Приземјувањето всушност е и најризичниот дел од двогодишниот проект вреден 2,7 милијарди долари. „Персевиренс“ со себе има разни инструменти дизајнирани да ги анализира камењата за био-знаци, хемиски знаци на живот, а истовремено ќе складира примероци од површината на планетата. Следни мисии од САД и Европа треба овие примероци потоа да ги вратат на Земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *