ВИДЕО: Ајнтрахт му го „зеде скалпот“ на шампионот Баерн!

ВИДЕО: Ајнтрахт му го „зеде скалпот“ на шампионот Баерн!

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт победи на домашниот дуел против Баерн Минхен со 2-1 (2-0), за петто славје во низа во Бундеслигата. Домаќинот ги искористи бројните изостаноци во редовите на Баерн, па со два голови во првиот дел направи доволна предност за триумф.

  • Најинтересните моменти на натпреварот:

Резултатот го отвори Даичи Камада по 12. минути игра, кога реализира по центаршут на Костиќ за 1-0. Бргу потоа Амин Јунес кој претходно нанижа неколку шанси, успеа да удвои на 2-0 во 31. минута.

На потег беше Баерн, па јасно беше дека избраниците на Флик ќе притиснат. По серијата шанси, надежта ја врати најдобриот играч на тимот, Роберт Левандовски, во акција која ја направи Сане, а Полјакот лесно реализира (2-1). До крајот сепак Ајнтрахт се одбрани и освои важни бодови на оваа средба против шампионот.

На останатите терени во Германија, Мајнц изненади во Менхенгладбах каде ѝ го „зеде скалпот“ на Борусија со 1-2 (1-1). Гостите поведоа преку Онисиво, Стиндл израмни, но во финишот Стоџер донесе победа на Мајнц. Штутгарт без Чурлинов победи кај Келн (0-1), а со идентичен резултат заврши и мечот меѓу Фрајбург и Унион Берлин (0-1). 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *