По 33 години, Евертон го совлада Ливерпул на Енфилд! (ВИДЕО)

По 33 години, Евертон го совлада Ливерпул на Енфилд! (ВИДЕО)

Очајната низа на момците на Јирген Клоп продолжува. Оваа сезона Ливерпул на домашен терен е непрепознатлив, а за да биде болката уште поголема, четвртиот пораз во низа вечерва Ливерпул го доживеа против својот најлут градски ривал Евертон. Домаќините на Енфилд беа поразени заслужено со 0-2, откако напаѓачки Фирмино, Салах и Мане пружаа уште една разочарувачка партија, а во дефанзивата многуте отсуства поради повреди доведоа до една состојба позната како „швајцарско сирење“.

И во двете полувремиња Евертон беше тој кој заслужуваше да биде во водство. Во првиот дел, уште во 3. минута гостите поведоа преку миленикот на Анчелоти, Бразилецот Ришарлисон, кој доби топка „со очи“ од маестралниот Хамес Родригез, по што биеше прецизно во долниот десен голмански агол.

Во вториот дел, за да биде болката уште поголема, на листата повредени играчи се приклучи и капитенот Џордан Хендерсон, кој ја напушти играта држејќи се за задната ложа, што во превод значи пауза од минимум еден месец.

Печат на средбата стави Сигурдсон од пенал во 83. минута, откако Александар Арнолд на тромав начин го собори Калверт Луин во својот шеснаесетник.

Сега Ливерпул заостанува 16 бодови зад лидерот Манчестер Сити, кој удре игра дерби средба со Арсенал, додека Евертон, со натпревар помалку, има ист број на бодови со градскиот ривал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *