Reddit приказни: Денес за*бав кога за малку ќе го онесвестев моето момче за време на секс

Reddit приказни: Денес за*бав кога за малку ќе го онесвестев моето момче за време на секс

Нова недела и време за нова приказна од r/tifu. Приказната доаѓа од u/closefarhere, која покажува дека интимните односи со партнерот не се секогаш толку филмски и гламурозни како на екраните.

„Буквално се случи пред 10 минути. Дечко ми и јас бевме на сред добра рунда кога ме удри по газот за да се свртам и поместам. Се свртев налево и ја искористив мојата рака за да придобијам моментум и да се потпрам. Тој отиде надесно и се наведна таман штом се свртев. После гласен звук, како крцкање и огромна болка во лактот, вреснав од страв како што го видов како се држи за лицето. Потоа додека крвари, почна да гледа ѕвезди и за малку ќе се онесвестеше. Го погодив со лактот директно по коската на веѓата. Го мавнав толку силно што му го исеков окото половина инч од самата сила.

Ја чувствува болката дури и откако ставивме мраз на местото. Никогаш не ми било повеќе жал во животот. Никогаш не сум раскрварила друга личност на тој начин. Не можам да одлучам дали да се смеам или да плачам, па ги правам и двете.

За среќа немаше потреба од одење на доктор. Сега тој може да се пофали дека има кул лузна, а е покриен со мала газа. За оние кои се заинтересирани, по 20 минути пауза, ја довршивме „работата“. Во втората рунда некако, не се ни шегувам, успеав да го удрам со лакт во нос, не можете да го измислите ова ср*ње.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *