Скопјани му оддаваат почит на Балашевиќ

Скопјани му оддаваат почит на Балашевиќ

Заедно со целиот Балкан, и Македонија е обвиена во тага поради прераната смрт на легендарниот пејач и кантавтор, Ѓорѓе Балашевиќ. Уметникот и креаторот на безброј незаборавни хитови кои изминативе два дена, пропратени со солзи, одекнуваат во главите на љубителите на неговата музика.

Моментно, пред Универзалната сала, Скопјани во голем број, кој се повеќе расте, за последен пат на отворено уживаат во неговите хитови и оддаваат почит на неговото дело.

Свеќи, кадифени играчки, фотографии, секој на свој начин ја изразува тагата и остава дел од себе, дел кој секој еден го загубил со смртта на Ѓорѓе Балашевиќ. Македонците чувствуваат и посебна конекција со оваа музичка легенда, од причина што токму во Македонија, во 2018 година, Балашевиќ го одржа последниот концерт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *