Младиот кошаркар на Македонија, Ненад Димитријевиќ со само неколку натпревари во националниот дрес најави дека ќе биде носител на играта. Одличните партии против Италија и Русија го привлекоа вниманието на јавноста, а против „азурите“ направи и неверојатен потег.
На истекот од третата четрвтина, имаше само 2,6 секунди до истекот на времето, но тоа не го спречи Нено да погоди. Плејмејкерот на Хувентуд шутна неколку метри внатре во својата половина и успеа да погоди, а со тоа го „полуде“ и официјалниот ФИБА коментатор.
- Кошот на Димитријевиќ од своја половина:
🚨 Nenad Dimitrijevikj 🇲🇰 with the #TissotBuzzerBeater from the #EuroBasket Qualifier logo 😲#ThisIsYourTime pic.twitter.com/2dYjZ3bsTl
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) February 21, 2021
Вистинска штета е фактот дека Димитријевиќ се повреди и речиси сигурно нема да игра во одлучувачкиот натпревар против Естонија, што е огромен удар за селекторот Тодоров.